-->
-->
Кражба во охридски хостел - ограбен турист од Јапонија
-->
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Прешево, Р.Србија поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “кражба“. На 27.06.2018 година во Охрид на улицата “Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно со Т.Т. (37) од Јапонија, од истиот одзел мобилен телефон, лап топ, часовник и Ајпод по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. По преземени мерки, на 01.07.2018 година во Скопје, пријавениот бил лишен од слобода, при што кај истиот биле пронајдени дел од предметите, кои потоа биле вратени на оштетениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
