Кражба на возила во Скопје, еве како двајца возрасни скопјани останаа без автомобил
Вчера Б.С.(72) во Полициската станица Центар пријавил дека во периодот од 11 до 14.03.2018 година на улицата “166“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило “Опел Корса“.
Имено сторителот откако влегол во дворот од куќата, во дрвена кутија која била оставена надвор ги пронашол клучевите, го стартувал возилото и го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера С.Б.(60) во Полициското одделение Петровец пријавил дека истиот ден во времето од 01,30 до 05,00 часот во село Петровец од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило “Пежо 406“. Имено сторителот откако дошол до возилото, влегол во незаклученото возило и со оригиналниот клуч кој стоел на бравата, го стартувал возилото и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 150.000 денари. Се работи на целосно расчистување и на овој случај.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани