Кражба на огревни дрва во Кичево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(60) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, А.М.(29), Ш.А.(50) двајцата од с.Преглово, Пласница и правно лице „ФИНО -ЛЕС“ ДООЕЛ с.Ижиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.
На 03.07.2019 З.К., како раководител на Подружница на шумско стопанство од Кичево, ја злоупотребил службената положба, така што спротивно на Законот за шуми, во име на Подружницата која ја претставувал, склучил договор за купопродажба на буково огревно дрво со правното лице „ФИНО-ЛЕС“ с.Ижиште, Македонски Брод, претставувано од Ш.А., иако знаел дека правното лице не поседувало лиценца за вршење работи на сеча и дотур во шуми во државна сопственост, со што му овозможил купување на дрва во вкупна вредност од 1.804.998 денари.
А.М., вработен како сечач во Подружница на Шумско стопанство од Кичево, при реализирање на договорот за купопродажба, извршил бесправна сеча на неозначени букови стебла од шума во државна сопственост, кои заради препродажба противправно ги оддзел Ш.А., како управител на правното лице „ФИНО- ЛЕС“, с.Ижишта.
Ново на Сител
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите