Македонија
24. February 2018 - 19:31

Кратово во ист ден ги одбележа патрониот празник ,,св. Ѓорѓија Кратовски‘‘ и Тодорица

Кратово денес го слави свети Ѓорѓи Кратовски, постојаниот молитвеник на кратовчани пред Бога, кој низ личен пример покажа како се чува и се сведочи верата. Причина плус за голема прослава во Кратово е поклопувањето на уште еден голем празник за кратовчани, Тодорова сабота, која отсекогаш привлекувала многу гости во градот на Кулите и мостовите. Празнувањето започна во утринските часови со богослужба во црквата која го носи името на маченикот

Ѓорѓи и воедно заштитник на златарскиот еснаф. Со литургијата чиноначалствуваше владиката Јосиф.  Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“,  каде имаше богата културно-уметничка програма.

Животот на светецот траеше кратко, но споменот за него ќе трае вечно, порачаа неговите сограѓани, одбележувајќи 503 години од неговата маченичка смрт.