Македонија
28. October 2016 - 19:26

Кратово се подготвува за третата „Компиријада“

Општина Кратово утре по третпат ќе биде домаќин на традиционалната „Компиријада“, која има за цел промоција и презентација на кратовски компир како гастрономско обележје на целиот осоговски регион.

По двете успешни изданија, организаторите ги финализираат подготовките за настанот, кој привлекува се повеќе земјоделци, одгледувачи на компир, но и гости од земјава.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а предвидени се и награди за најкреативните.

Покровител на манифестацијата е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.