Кратово има туристичка приказна која може да им ја понуди на гостите од Израел
Кратово има туристичка приказна која може да им ја понуди на гостите од Израел. Надгробниот споменик и стогодишната куќа, поранешна синагога, сведочат дека Евреите оставиле траен белег во овој град, пред да се иселат, главно во Виена, Берлин и Париз.
Нивните потомци, трагајќи по родните огништа на своите предци, беа во посета на Кратово. Слушнаа легенди за животот на Евреите во Кратово, дегустираа к’цана сол и стара кратовска ракија и вино, уживаа во прекрасната архитектура.
-Многу сум импресионирана од земјата, од местата и луѓето што ги сретнав. Кратово е прекрасно место со богат фолклор и архитектура. Многу сум среќна од ова патување и повторно ќе се вратам овде – вели туристка од Израел.
Последниве две-три години Кратово станува се помасовна туристичка дестинација.
Туристите се многу честа глетка на улиците на грдот, а со подобрување на инфраструктурата се очекува уште поголем прилив на гости.
-
Оливер Арсовски
Сите содржини од овој новинар