Македонија
5. August 2015 - 19:44

Кратово го посетија туристи од Јапонија

Големата желба за учење традиционални ора и танци ги натерала да минат околу 10.000 километри воздушен пат за да стигнат во Кратово. Звучи по малку фантастично, но ова бил главниот мотив на членовите на фолклорна група од Тајван, која деновиве престојува во нашата земја. Нивната посета е резултат на соработката со македонскиот етномузичар Стефче Стојковски.
-За прв пат оваа година ги носиме нашите гости од Тајван, Хонг Конг и воопшто гостите од Азија на семинарот за проучување на традиционална музика, игра и песна – вели музичарот Стефче Стојковски.
По посетата на Охрид, Вевчани, Скопје и Стоби, гостите два дена уживаа во убавините на Кратово и локалитетот Камени кукли во Куклица.
Хотелот „Кратис“ како добар домаќин им организираше фолклорна вечер на која настапија локалното културно-уметничко друштво „Ефрем Каранов“ и музичка етно-група од Пробиштип.