Живот
30. October 2017 - 21:16

Кратка или долга коса - откријте која подобро ви стои

Светските фризери откриваат точен и конкретен тест прек кој ќе дознаете која должина на косата најдобро ви прилега.

Станува збор за 5,71 сантиметар, а таа магична мера ја открил еден од најголемите експерти во светот на фризурите, Џајлс Робинсон.

-Сѐ е во аглите, а аглите на вилицата се клучни во одредувањето дали на некој ќе му прилега кратка или долга коса - вели Џајлс.

Под сликата пронајдете уаптства како да одредите дали косата е прекратка за вас:

kratka-kosa-1-620x494

Ставете молив право под брадата, а линијарот поставете го до моливот, до самото уво. Измерете колкава е оддалеченоста од увото до брадата. Ако таа е поголема од 5,71 сантиметар тоа значи да вам ви прилега долга коса. Ако е оддалечена помалку од 5,71 сантиметар нема да погрешите со кратка фризура.

kratka-kosa-2-620x438