Балкан
27. јуни 2016 - 21:21

Красниќи бара дијалогот со Србија да се прекине

Поранешниот претседател на косовскиот парламент и актуелен претседател на Националниот совет на партијата Иницијатива за Косово, Јакуп Красниќи, побара да се прекине дијалогот во Брисел, меѓу Косово и Србија.

Во интервјуто за „Епоха е ре“ тој оценува дека овој дијалог претставува споменик на срамот и оти оние кои го водат овој процес треба да се повлечат, бидејќи на Србија и понудиле наклонетост и поддршка и го загрозиле суверениетот на косовската држава.

- Владината коалиција треба да се откаже од постигнатите спогодби во Брисел, како и од спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, која е доставена на ратификација во парламентот. Иницијативата за Косово ќе биде уште посилна и во актуелниот миг е фокусирана за смена на власта,  изјави Красниќи.

Тој отфрли било каква можност за коалиција со Демократската партија, додавајќи дека единствено ќе коалицираат само со опозициските партии.