Кралот Абдула - Јордан со бегалците е како „зовриен лонец“
Јорданскиот крал Абдула изјави во Аман дека ситуацијата во неговата земја е како во „зовриен лонец“ кој е на работ да преврие, поради постојаниот прилив на бегалци од соседна Сирија.
- Поскоро, или подоцна овој лонец ќе експлодира, изјави за Би-Би-Си јорданскиот крал Абдула.
Предупредувањето на кралот, доаѓа пред донаторската конференција во Лондон, за помош на земјите во сириското соседство, каде се наоѓа најголемиот број од бегалците од Сирија.
Според кралот Абдула, на Јордан му е потребна далеку поголема финанска помош и подршка од досегашната, доколу меѓународната заедница сака бегалците да останат во регионот.
ОН побара 7,7 милијарди долари помош за 22,5 милиони луѓе во Сирија, како и во соседството на земјата, која веќе пета година, се соочува со граѓанска и меѓуверска војна.
Според податоците на ОН, во Јордан се регистрирани 635 илјади од пријавените 2,6 милиони Сиријци кои се водат како бегалци.Властите во Аман меѓутоа тврдат дека на јорданска територија има повеќе од еден милион и таа бројка постојано се зголемува, затоа што во Јордан постојано навлегуваат нови сиријски бегалци.
На лондонската конференција, што треба да се организира во шетврток и на која како домаќини се јавуваат Велика Британија, Германија, Норвешка , Кувајт и ОН, од Брисел се ветува дека ЕУ ќе додели помош од 2 милијарди евра.
Со децение на ред, Јордан е прибежиште за бегалци од регионот, прво на Палестинци, па потоа на Ирачани, а сега и на Сиријци.
„За прв пат, ние не можеме повеќе да го издржиме притисокот„ - признава јордснскиот крал Абдула, објјаснувајќи дека болниците, училиштата и работните места се наоѓаат пред неиздржлив притисок.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка