-->
-->
Кралицата на народната музика – Не ме пуштајте да умрам
-->

Кралицата на народната музика , Уснија Реџепова (69) која пред две години и е откриен рак на белите дробови, е во тешка здравствена состојба и моментално се наоѓа на лекување во белградската болница.
Во болничкиот кревет пејачката ги пречекала новинарите на српски „Курир“, кои како што велат, иако била во огромни болки, сакала што повеќе да зборува за својата мака, бидејќи не сакала да биде сама.
– Не ме пуштајте да умрам – вели Реџепова во исповедта за медиумот.
– Подобро ми е откако дојдов во болница. Приклучена сум на апарати, поради тоа тешко зборувам. За сега ми е поодбро отколку пред да дојдам на лекар, но секако ми е тешко. Ќе се видиме кога ќе дојдам дома, но важно ситуацијата е подобра, изјавила Уснија.
Цело време Уснија е во друштво на своите блиски пријатели и роднини и тие велат дека Уснија е голем борец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
