Кралицата Елизабета Втора слави 70 години на британскиот трон
– Кралицата Елизабета Втора од 2 до 5 јуни ќе го прослави платинестиот јубилеј, 70 години на британскиот трон.
Настанот ќе биде проследен со 16.000 улични забави низ Англија, а Кралските совети во Англија објавија дека добиле „голем број апликации“ од граѓани кои сакаат да учествуваат на прославата на 70-годишнината од британскиот трон, пишува лондонскиот дневен весник Гардијан.
Во текот на викендот, неколку Кралски совети низ Англија се откажаа од административните такси за затворање на патиштата, а на 4 јуни во Мерсисајд ќе се одржи улична парада, на која ќе настапат играчи, тапанари и акробати, како и ученици од локалните училишта.
– По две тешки пандемиски години, се надеваме дека луѓето конечно ќе можат да наздрават и да слават со своите најблиски и пријатели, пишува Гардијан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
