Кракер: Да се забранат предвремените парламентарни избори
Претседателката на австрискиот Суд за ревизија Маргит Кракер бара воведување забрана за предвремени парламентарни избори.
Таа во интервју за австрискиот весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека во иднина мандатот на Владата и на пратениците на сојузно ниво треба да се фиксираат на четири години.
Само претседателот на Австрија, според неа, во вонредни случаи би требало да има можност да го распушти Парламентот.
- Нашиот политички систем е блокиран со постојани шпекулации за предвремени избори, оцени Кракер.
Таа нагласи дека се неопходни длабоки реформи, додавајќи дека е важно земјата да се врати на четиригодишниот мандат, кој не смее да биде прекинат.
- Пратениците се избрани на одреден мандат и нивната задача е да и служат на земјата, подвлече Кракер.
Таа додаде дека нејзиниот предлог се однесува само на сојузно ниво, бидејќи постојаните закани од предвремени избори не се толку присутно на ниво на покраини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување