Крајната десница ја обвини Меркел за нападот во Берлин
Претставници на германската партија „Алтернатива за Германија“ (АФД) веднаш по нападот во Берлин во кој загинаа најмалку 9 а ранети се 50 лица ја обвини канцеларката Меркел дека таа е виновна за инцидентот, јавува дописникот на МИА од Берлин.
„Кога ќе се врати германското владеење на правото? Кога конечно ќе запре ова проклета хипокризија? Ова е смрт на Меркел“, десетина минути по нападот во Берлин напиша на својот профил на социјалната мрежа Твитер пратеникот во Европскиот парламент Маркус Прецл.
За време на бегалската криза лани Прецл се залагаше за употреба на армијата против приливот на бегалците поради што тој беше одстранет од страна на Фракцијата на конзервативците и реформистите во Европскиот парламент по што се придружи на групата Европа на нации и слобода предводена од француската националиста Марин Ле Пен.
Германските власти сеуште не го објавиле идентитеот на организаторите и напаѓачите во Берлин но доколку се покаже дека тие се бегалци или радикални муслимани кои добиле азил од владата на Меркел тоа дополнително може да ја зголеми популарноста на Алтернатива за Германија која јавајќи на бранот на антиемигрантските политики и антимуслиманска реторика дојде до фантастични 14 отсто рејтинг на федерално ниво и успеа да влезе во 10 од 16 германски покраински парламенти.
Ново на Сител
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје
-
Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен
-
Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“
-
Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен
-
Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50