Бизнис
10. October 2016 - 20:14

Крај на ерата на моторот со внатрешно согорување?

Горниот дом на германскиот Парламент усвои резолуција со која по 2030 година се предвидува забрана за продажба на возила со внатрешно согорување, односно на мотори на бензин и дизел горива.
 
Автомобилскиот сектор, кој вработува петина од германската индустрија, веќе започнал со подготовките за промената на законите. Според резолуцијата на Бундесратот, по 2030 година во Германија ќе може да се продаваат само возила на електричен погон или со мотори кои користат хидрогенско гориво.