Крај на една ера: Вака беше стрелан диктаторот и неговата сопруга

Николај Чаушеску беше претседател на Романија од 1965 година се до својата смрт во 1989 година кога е стрелан. Судењето и извршувањето на казната се снимени со видео камера. Оваа снимка со молскавична брзина го обиколи светот, а романската телевизија ја емитуваше неколку дена подоцна.
Тој влезе во историјата како последен комунистички европски шеф на држава кој е соборен од власт и стрелан со што беше означен крајот на дотогашната идеолошка поделба на светот.
Нередите во Романија избија на 17 декември 1989 година кога на нозе се крена Темишвар поради злоставувањето на протестанскиот свештеник Ласло Текеш кој беше истакнат критичар на Чаушеску.
Кон побуната се приклучија и фабричките работници, а локалниот воен гарнизон беше немоќен да се спротивстави на побуната, па во овој град се упатени дополнителни воени единици. За тоа време Чаушеску во Букурешт се обраќал на стотици илјади луѓе на еден од бројните митинзи против заврениците и платениците.
На ветувањето за зголемување на платите и пензиите масата почнала да свири и да негодува, а почнале да се извикуваат и пароли: Долу комуниза, Долу партија, Сакаме слобода. Набрзо потоа следеа судири и улични борби меѓу тајната полиција Секуритате и народот кому му се приклучи војската. На улиците излегоа тенковите, а стотици луѓе се погодени во текот на огнената пресметка со тајната полиција. Демонстрантите успеаја на 22 декември да влезат во претседателската палата од која брачниот пар Чаушеску победна со хеликоптер до Трговиште со надеж дека ќе најдат спас во локалната касарна. Меѓутоа диктаторот и неговата жена станаа заробеници кога гарнизонот премина на страна на народот и новата револуционерна власт објави за заробувањето на Чаушеску.
Во зовриената атмосфера тешко било да се одлучи што со Чаушеску и неговата сопруга. Одлуката паднала на Воениот суд. Во воен хеликоптер на 24 декември во Трговиште одлетале министерот за одбрана Станкулесу, полковникот Гица Попа и Јон Нестор како и воениот обвинител Дан Војнеа, записничар, адвокат, двајца камермани и капетан со 8 војници.
Судењето почнало на 25 декември и траеле неверојатни саат време, а одлуката за пресудата само 10 минути. Инаку камерата цело време го снимала текот на судењто па и моментот на носењето на брачниот пар и самиот чин на стрелање.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста





