-->
-->
Кожув гостува кај Пеќ во првиот четвртфинален меч во БИБЛ лигата
-->

Во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), денеска ќе се одигра вториот четврфиналнален натпревар.
Екипата на Кожув вечерва гостува во Косово кај тимот на Пеќ во првиот меѓусебен дуел од четвртфиналната рунда во БИБЛ.
Според пропозициите, во четвртфиналето ќе се одиграат два натпревари, по кои доколку двете екипи остварат по една победа, во предвид ќе биде земена кош разликата од двата натпревара.
Денешниот меч ќе се игра од 19 часот, додека реванш средбата е по седум дена во Гевгелија.
Потсетување дека вчера кавадаречки Фени Индустри го победи црногорскиот тим Теодо со 100-97 во нивниот прв меѓусебен дуел од оваа фаза.
Инаку, според веќе утврдениот систем за натпреварување, екипата на Куманово која беше првопласирана во својата група се стекна со право на директен пласман во полуфиналето во кое ќе го пречека подобриот од дуелите меѓу Фени Индусти – Теодо, додека бугарската екипата Берое за место во финалето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Кожув и Пеќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
