Свет
21. јуни 2020 - 8:53

Ковид-19: Рекорден број новозаразени во Индија

Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска надмина 400.000, откако во послелдните 24 часа се потврдени уште 15.413 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број заразени достигна 410.461, а уште 306 лица починаа во последното деноноќие, така што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 13.254, пренесува Си Ен Ен.

Индија веќе четврти пат бележи рекорден број на новодијагностицирани за еден ден.

Земјата е на четвртото место во светот по бројот на пациенти, по САД, Бразил и Русија.