Loading Video...
Македонија
9. January 2021 - 19:38

Ковакс механизмот се враќа во живот

Ковакс системот е подготвен да обезбеди вакцина подеднакво за сите. Првиот човек на СЗО вели дека се обезбедени 2 милијарди вакцини и тие можат преку заедничкиот систем да бидат дистрибуирани до сите земји. Во последниот период побогатите земји купуваат и договараат набавка на вакцини директно преку производителите што ќе ја направи распределбата скапа и нефер, а најзасегнати ќе бидат сиромашните. 

СЗО бара од производителите да забрзаат со испорака, но и да престанат со билатерално договарање со земјите. Понатамошните мутации на вирусот може да се намалат само преку подеднакво вакцинирање на сите.

Досега вакцинацијата почна во 42 земји. Од нив 36 се високоразвиени. 6 се земји во развој. Во земјава, властите очекуваат дека токму преку КОВАКС првите дози на вакцината ќе стигнат до крајот на овој или на почетокот на следниот месец. Министерството за здравство склучи и билатерален договор со Фајзер, а првите дози се очекуваат во февруари.