Ковачки: Договорот со Бугарија ја поларизираше состојбата и недовербата меѓу двата народи

Власта да не бега од референдумот и да не се обидува да го опструира.
Јасно е дека изворот на сите проблеми е договорот со Бугарија којшто наместо да е договор за добрососедство е договор што дополнително ја поларизираше состојбата помеѓу двете држави, а за жал ја зголеми недовербата и нетрпението и помеѓу двата братски народи.
Не може да дозволиме преку распродажба и ретуширање на историјата на која инсистира Бугарија и која е дел од договорот што го потпиша Заев, да биде услов за напредок и развој на Македонија.
Македонија е европска држава и заслужува да биде дел од западната цивилизација, но не под услов на обезличување на кое се подготвени и кое го прават предавничко-криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ.
Доколку власта е убедена дека нивните политики се успешни и дека се‘ уште ја имаат поддршката од тие 320.000 гласови што ги имаа на изборите во 2020 година, тогаш нема потреба да се плашат и треба да одиме на референдум, па народот нека се изјасни дали е за или против самоукинувањето што го подготвија ДУИ и СДСМ.
ФБ статус на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
