Ковачки до Филипче: Дали сте предупредени од експерти да не вградувате ПУР панели во болница и дали струјата ја поврзавте без проект?
12 дена од ужасната смрт во болницата во Тетово.
Како што веќе видовме, моралноста, транспарентноста и владеењето на господинот Заев и господинот Филипче не одат во иста реченица.
Денеска, 12 дена од трагедијата наместо одговорните да се со лисици на рацете, гледаме снимки од затворените роднини кои протестираа барајќи одговори од надлежните.
Се' уште чекаме одговор на прашањата кои повлекуваат кривична одговорност и се однесуваат на модуларната болница во Тетово.
Министерот Филипче, на македонската јавност и' должи одговори на следниве прашања:
Прво, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, сте биле предупредени од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, што преземавте?
Одговорете кратко и јасно со Да или Не, и второ,
Дали министерот Венко Филипче или некој од неговиот тим има информација дали модуларната болница била приклучена на дистрибутивната мрежа во стандардна и нормална процедура или некој си дозволил приклучувањето да го направи од веќе постоечката болница надвор од процедура и без соодветен проект?
Или да ги упростиме прашањата: Дали министре знаевте во што се впуштате, но сепак свесно тргнавте по брзи пари?
Многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев.
Во моментов и двајцата се на позиции од кои може да влијаат и да ја контролираат истрагата и затоа мора под итно да заминат.
Ова што го прават е нехумано и надвор од сите норми на европско однесување.
Македонија и граѓаните заслужуваат одговори и фер и непристрасна истрага.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати