Ковачевски за МИА: Во светло на војната во Украина, проширувањето на ЕУ е геостратешко прашање
За последиците од руската инвазија и војната во Украина, како од економски, така и од енергетски и геостратешки аспект, за подготвеноста на земјава за справување со новите предизвици, за европската перспектива низ призмата на овие случувања, говори премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА од грчкиот град Делфи, дадено за време на учеството на седмиот Економски форум.
Премиерот Ковачевски ја предводеше нашата делегација, а во разговор со дописничката на МИА, ги пренесува впечатоците и пораките од неговото прво учество на форумот, на кој доминантна тема беше светот по војната во Украина.
-Во светло на случувањата во Украина и воената агресија на Русија врз Украина, проширувањето на Европската Унија со земјите на Западен Балкан не е веќе прашање само на проширувањето, туку претставува и геостратешко прашање, истакна премиерот.
Во интервјуто открива до каде се енергетските проекти со соседна Грција, интерконекторот и терминалот за течен гас во Александруполи, детално објаснува која е стратегијата на Северна Македонија за справување со енергетските и економските последици, а одговара и на прашањето дали постои оптимизам за решение со Бугарија.
Видео интервјуто со премиерот Ковачевски МИА утре ќе го објави во целост, а беше направено непосредно пред средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и пред работниот ручек што Мицотакис го приреди за лидерите на земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе