Македонија
20. јуни 2023 - 16:29

Ковачевски за идејата на Црвенковски: Вреди да се разгледа, јас сум поголем оптимист

Ковачевски го цени политичкото искуство на Црвенковски, но не се согласува со неговиот песимизам за членството во ЕУ.  Премиерот за разлика од екс-престедателот верува дека во 2030 година Македонија може да стане членка на ЕУ ако ги донесе потребните одлуки. Го потсети Црвенковски дека во времето кога тој бил на власт било несватливо дека е можен  договор со Грција и членството во НАТО, но се покажа дека не само што тоа е можно туку денес и се преговара со Унијата.  Му  порача дека се зависи од која временска перспектива се гледаат работите.

Премиерот ја поздрави иницијативата на Црвенковски за  пристап на заедничкиот економски  пазар и европските фондови. Овие теми, вели Ковачевски, веке се на маса со раководството на Европската комисија со цел да  се зголемат средствата наменети за земјите кандидати.

„Ако ја погледнете и изјавата на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија којашто ја даде непосредно пред нашата заедничка средба што ја имав со неа во Братислава на ‘Глобсек форумот’ тогаш исто така се зборува за одредено приклучување кон заедничкиот пазар, кон поголема достапност на државите од Западен Балкан и Југоисточна Европа во европските фондови пред пристапувањето, значи не е тоа замена за никакво пристапување, меѓутоа подобрување на перформансите и капацитетите на државите за пристапување“,

Екс-претседателот Црвенковски, во остуство на јасна европска перспектива за регионот, предлага  пристап до внатрешниот пазар на ЕУ преку две варијатнти, влегување во постоечката Европската економска област или потпишување на посебен догор со земјите од Западен Балкан.