Ковачевски во Софија на состанокот со шефови на влади на НАТО земјите од ЈИЕ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа.
Состанокот се одржува на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, а покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и премиерите на Романија и Црна Гора – Николае Чука и Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската Влада.
На состанокот ќе се дискутира за влијанието на војната во Украина врз регионот, а шефовите на владите ќе разменат мислења и за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.
Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.
По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
