Ковачевски – Вал: Северна Македонија е подготвена да претседава со ОБСЕ од јануари 2023 година
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Килијан Вал, новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е поздравен напредокот на Република Северна Македонија, што го покажуваат развојот на демократијата во државата, почетокот на преговорите со Европската Унија, претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, што треба да започне од 1 јануари 2023 година.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за придонесот на ОБСЕ во развојот на Република Северна Македонија како демократска држава, рече дека денес Северна Македонија има слободни медиуми, дека има слободни изборни процеси и дека државата се развива според европските вредности, што е од важност како за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, така и од геостратешко значење.
Претседателот на Владата, како што е наведено во соопштението, изрази уверување дека нашата држава успешно ќе претседава со ОБСЕ, посочувајќи дека Република Северна Македонија се развива како едно општество за сите граѓани, дека ги развива добрососедските односи низ европските принципи на разбирање и меѓусебно почитување и е целосно посветена на европските интеграции како стратешка цел.
На средбата е разговарано и за важноста на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.
Премиерот Ковачевски информираше за посветеноста во надминувањето на економските и енергетските предизвици, предизвикани од светската криза, по пандемијата и војната во Украина во светски рамки.
Ново на Сител
-
Зеленски го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија за време на посетата на Виткоф на Москва
-
Девет години од поплавите во Стајковци - градоначалникот најави откривање на спомен плоча
-
Почина проф. д-р Владимир Цветковски
-
Навроцки положи заклетва како нов полски претседател
-
Хирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање
-
Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
-
Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
-
Најмалку 20 мртви откако камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа