Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки по повод патрониот празник до ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Во телеграмата со честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на ректорот и на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти, премиерот Ковачевски им го честита патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја.
-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја. УКИМ ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност и како достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на Светите браќа Кирил и Методиј. За одбележување е посветеноста на УКИМ во негувањето и чувањето, но и на меѓународната афирмација на вредности на македонскиот народ и македонскиот јазик, на нашата историја, литература и култура, како и на културните вредности на сите други етнички заедници во Северна Македонија. УКИМ е автономен вруток на знаењето, науката и образованието, обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите, напиша премиерот Ковачевски во телеграмата со честитки до УКИМ.
Ковачевски посочува дека тој како премиер, и оваа Влада, остануваат посветени на активната поддршка на развојот на универзитетската и на образовната дејност.
-Со Колективниот договор за високо образование и наука минатата година го уредивме системот на плати во високото образование и ги оттргнавме неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование. Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј! Нека е честит патрониот празник на УКИМ!“, напиша премиерот Ковачевски.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев