Ковачевски: Таксата за бугарскиот гас ќе предизвика поскапување на струјата и затоплувањето
Нема да се откажеме да бараме ослободување на капацитетите за гас и да бараме таксата да не важи затоа што е неправедно наметната и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија. Ако треба тоа ќе го направиме и пред меѓународните судови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарско прашање што ќе се случи доколку Бугарија не ги прошири капацитетите за да може да се набават поголеми количини гас и од други извори Ковачевски рече дека со министерот за економија Крешник Бектеши реагирале во Европската Комисија дека таксата не треба да биде воведена со оглед на тоа дека целокупниот капацитет на влезната страна кон Северна Македонија е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“.
- Тоа значи дека ваква такса ќе предизвика зголемување на цената на електрична енергија и затоплување кај нас за 20 проценти. Затоа побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Гаспром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, изјави Ковачевски, по настанот по повод Денот на национално осигурување.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат