Ковачевски: Субвенциите за тутунот на историски највисоко ниво

Субвенциите по килограм предаден тутун годинава се на историски највиско ниво од 110 до 120 денари, а Тутунски комбинат Прилеп ќе ја зголеми за 10 проценти отупната цена на тутунот. Определената сума за таа намена изнесува 26 милиони евра и ќе важи и наредната година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прашање од пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Ристески, повеќе од 130 000 тутунари се незадоволни од откупната цена на тутунот која изнесува 300 денари, а изрази незадоволство и од аграрната политика на Владата, која, како што рече, довела до рекордно намалување на производството на тутун во земјава, од досега најниски 13 милиони килограми тутун.
- За среќа на тутунарите оваа година субвенциите ќе бидат највисоки, и сумата што беше определена од 26 милиони евра во текот на оваа година, ќе важи и за идната година без разлика на тоа што приносите се намалени, рече Ковачевски.
Според Ковачевски, сега субвенции добиваат вистинските земјоделци и тоа 30 проценти авансно, каде што исплатата веќе се одвива во текот на последната недела од годинава, а потоа ќе им биде исплатен остатотокот од 100 проценти.
Ново на Сител
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
-

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
-

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата го продолжи трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти
