Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година
Премиерот Димитар Ковачевски на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна 2022/23 година. Во честитката тој им порача на учениците да учат, да се дружат и да не заборават дека образованието е една од најважните инвестиции во животот.
– Драги првачиња, драги ученици. Пред вас е првиот училиштен ден од новата учебна година.Ви посакувам успешен почеток, да стекнете многу нови знаења и вештини и секако ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот. Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој. Бидете другари и помагајте им на оние кои не можат да постигнат сѐ сами. Верувајте во себе и во постигнатите резултати и никогаш не се откажувајте од зацртаните цели. Не заборавајте дека образованието е една од најважните инвестиции во животот, порача Ковачевски.
Тој воедно им честита и на родителите и старателите чии деца за првпат оваа учебна година седнуваат во училишните клупи.
-Со вложувања и реформски процеси, ние како Влада интензивно работиме на подобрување на образовниот систем во Република Северна Македонија, со што обезбедуваме квалитетно и достапно образование за секое дете. Со вработување на образовни асистенти им даваме поддршка и вклучување во редовната настава на децата со посебни потреби. Градиме нови училишта ги реконструираме и модерно опремуваме веќе постоечките и го модернизираме нашето образование, истакна претседателот на Владата.
Во честитката за почеток на новата учебна година, Ковачевски упати честитки и до наставниците.
-Вие сте клучот за квалитетно образование. Од вашиот ангажман, зависат постигнатите резултати кај учениците. Затоа бидете нивна поддршка, инспирација и поттик во создавањето на индивидуи кои утре ќе бидат движечката сила и умот на државата, потенцира Ковачевски.
Тој, меѓу другото, посочи дека Владата продолжува и понатаму да го јакне наставниот кадар за кој од септември е предвидено покачување на платите, како и континуирани обуки за новите наставни програми.
-Вложувањето во образованието значи директна инвестиција во економскиот раст и просперитетот на Република Северна Македонија. Драги деца, родители и наставници останете во добро здравје и среќно на сите, порача Ковачевски.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија