Ковачевски: Скапите лаги на ВМРО-ДПМНЕ платени од трети центри на моќ се потопени
Претседателот на СДСМ вчера на трибината која се одржа во Струмица посочи дека по 17 години минати во чекалницата започнавме преговори со ЕУ како Македонци со признат македонски идентитет и со тоа пропаднаа сите лаги на ВМРО ДПМНЕ, партијата која ги кочеше сите важни процеси во државата.
“Нема асимилација нема бугаризација, нема бришење на македонскиот јазик. Тие скапи лаги пропагирани од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, силно поддржани од трети центри на моќ се потопени.
Низ многу премрежја во минатото минал овој наш македонски народ, заедно со сите други наши сограѓаните кои живеат на ова парче земја. Сега имаме шанси на се да ставиме крај, да се обезбедиме за век и на век, еднаш засекогаш, да станеме дел од големото европско семејство државотворни народи. “ рече Ковачевски.
Ново на Сител
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
