Ковачевски: Северна Македонија непречено се снабдува со гориво преку Република Грција
Кај граѓаните не треба да има паника во однос на непречено снабдување со горива. Нашата држава има горива за непречено снабдување на бензиските пумпи, ние се снабдуваме со гориво преку Република Грција и таков проблем не постои, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со претставници на здруженијата на пензионерите.
Премиерот потенцираше дека она што вчера се случи било предизвикано од страна на неколку помали продавачи на нафтени деривати, кои ги ограничија количините од шпекулативни причини.
-Она што вчера се случи беше предизвикано од неколку помали продавачи на нафтени деривати кои ги ограничија количините од шпекулативни причини, што јас го израмнувам со воено профитерство. Тоа предизвика непотребна паника, гледате дека денеска тоа не постои и проблем со снабдување со нафта и со нафтени деривати нема да има, додаде Ковачевски.
Во однос на економските движења, тој напомена дека светот, посебно Европа, се наоѓаат во една од најголемите кризи, односно најголемата досега, а тоа, како што рече, го покажуваат движењата на сите берзи на стоки, но и движењата на другите берзи.
-Владата е посветена на одржување на економскиот стабилен систем, на стабилна фискална политика, тоа го потврдуваме и денес, преку исполнување на уште едно ветување во однос на воведување на нова методологија на пензии и воведување на тримесечно по илјада денари финансиска помош за пензионери, токму заради оваа голема економска криза во која се наоѓа Европа, вклучитлено и нашата држава, додаде премиерот.
Во однос на стоковните резерви, Ковачевски потенцираше дека стоковните резерви се на ниво кое обезбедува непречено снабдување на населението и граѓаните со храна.
Како што рече, имало одредени шпекулации кои се однесуваа на снабдување со жито и со брашно, но, додаде дека тие воопшто не беа точни и беа демантирани.
-Значи нашите стокови резерви се на ниво кое обезбедува непречено снабдување, и тие во моментов не се користат затоа што она што беше предмет на јавна дискусија, тоа е дел од редовното работење на приватната мелничарска индустрија односно на увоз на пченица коешто се одвива од Србија. Ние имаме размена со различни држави од каде што од некои увезуваме, во некои извезуваме прехранбени производи, додаде премиерот.
Тој посочи дека нивото на производство на пченица, 2021 година во однос на 2017 година е зголемено.
-Ако во 2017 година биле произведени 219 илјади тони пченица, сега тоа е на ниво 253.000, што значи дека е зголемено и дека она што е количина до нивото на следната жетва, само тоа се обезбедува и за тоа не постојат никакви пречки, туку е дел од редовното работење, рече премиерот Ковачевски.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
