Ковачевски: Северна Македонија не е повеќе хибриден режим според „Економист”, тоа е поттик за нас
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на маргините на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, се сретна со директорката за Европа во Одделението за истражување на „Економист“, Џоан Хоје, која раководи со Индексот на демократија во светот што се спроведува секоја година.
Како што потсети владината прес-служба, според ова истражување за минатата година, кое беше објавено неодамна, Северна Македонија излезе од зоната на држави со „хибриден режим“ и влезе во кругот на функционални демократии како „демократија со недостатоци“. Индексот на демократијата на Северна Македонија според „Економист“ е подобрен за пет места што е голем успех во време кога демократијата назадува во светски рамки. За само една година нашата земја направи скок од пет места и сега е рангирана на 73 место.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство