Ковачевски: Се водат преговори за трансформација на РЕК Битола во електрана на природен гас
Приодниот гас во целиот свет се смета за транзициско гориво кон целосно обновливи извори на енергија (ОИЕ), а токму поради тоа АД ЕСМ и Владата имаат контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на производство и инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас за трансформација на РЕК Битола од електрана на јаглен на гас, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-За та цел годинава комплетно беше завршено гасоводното поврзување на Битола со гасоводната мрежа до објектот во Жидилово кој практично е единствената точка за прием на гас во нашата држава. До крајот на годинава ќе започне со изградба и гасоводот со Грција кој ќе овозможи уште еден извори поврзување со гас. Со оглед на тоа дека во РЕК Битола постои инфраструктура, трафостаници и комплетна мрежа да може да биде инсталирано производство на електрична енергија од друг енергенс пред се гас нема да претставува проблем да се направи таа транзиција, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на топловодот во изградба во Битола.
Посочи дека на старите наоѓалишта на јаглен во РЕК Битола ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи кои, како што кажа, ќе дадат дополнителна електрична енергија.
Нагласи дека значително е подобрена енергетската ситуација во земјава и дека е намален увозот на електрична енергија за речиси 50 проценти.
-Ако порано увезувавме електрична енергија во висина од 35 до 40 проценти тоа е намалено под 20 проценти и под 15 проценти во зависност од месецот. Дури има и месеци кога воопшто не увезуваме електрична енергија. Тоа се должи на зголеменото производство во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и на ново инсталираните капацитети од обновливи извори на енергија кои имаат ист производен капацитет со РЕК Битола, рече Ковачевски.
Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, за 11 години беа изградени само 16 мегавати ОИЕ, а само од јануари до сега на мрежа се 450 мегавати ОИЕ, а до крајот на годинава ќе бидат 600 мегавати.
Ново на Сител
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот