Ковачевски се сретна со Бајден во Вилнус
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус имаше куса средби со американскиот претседател Џо Бајден.
- Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, напиша Ковачевски на фејсбук.
Тој претходно се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Луксембург Ксавиер Бетел, на Бугарија Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.
- Одлична прилика за повеќе куси неформални средби и разговори со европски и регионални лидери и мои драги колеги на #VilniusSummit на НАТО, премиерите на Обединетото Кралство, Сунак, на Словенија, Голоб, на Луксембург, Бетел и на Бугарија, Денков, како и претседателот на Црна Гора, Милатовиќ, објави Ковачевски.
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
