Ковачевски: Препораката за работа на продавниците на мало е донесена на барање на трговците, работниците ќе бидат платени согласно закон
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека препораката на Владата за новогодишните и божиќните празници да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало е донесена на барање на трговците и угостителите.
Работниците што ќе работат во тие денови, како што рече Ковачевски, ќе бидат платени согласно законот за работа во неработни денови и работа во недела.
- Бидејќи новогодишните и божиќните празници секогаш се период кога граѓаните сакаат да купат подароци, за трговците тоа е добра можност да направат повеќе промет. За работниците во трговијата секогаш е добра можност да остварат подобар приход, така што работниците ќе бидат платени согласно законот за работа во неработни денови и работа во недела. Мислам дека во тој дел нема да има проблем бидејќи секој работодавец сака да има задоволни работници од кои на крајот на денот зависи и компанијата, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“.
Владата на последната седница препорача на 31 декември, 1 јануари, 7 јануари и 8 јануари да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало. Целта на оваа препорака, како што било образложено од Министерството за економија, е да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови). Исто така, како што било образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата.
Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева денеска реагираше на ваквата препорака посочувајќи дека до нив веќе има стигнато реакции од работници од овој сектор.
-Со голема загриженост ја добивме веста дека Владата на седница оддржана на 28.12.2023 година дава препорака до работодавачите односно за деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми „Гласен Текстилец“ даде особен ангажман да има забрана за работа во недела на огромен дел од дејностите, сепак владата сега им дава препорака на работодавачите да го кршат законот кој тие го донесоа, базиран на наши долгогодишни барања, вели Ампева во пишаното соопштение.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја