Ковачевски: Парадата на гордоста е значајно демократско случување во Северна Македонија
Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен #SkopjePride, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме, објави на својот Фејсбук профил Ковачевски.
Затоа, порача Ковачевски, грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија