Ковачевски: Нема пардон за ниту еден функционер кој ја злоупотребува позицијата
Без разлика кој и каква позиција извршува и дали припаѓа на некоја политичка партија може да биде санкциониран за злоупотреби. Такви случаи има и немало пардон за никого, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на втората инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје.
Етичката и моралната одговорност, како што посочи премиерот, се санкционира согласно Етичкиот кодекс донесен од страна на Владата и важи за сите именувани функционери во надлежност на Владата.
-Доколку некој има сомнежи за одредени злоупотреби, тогаш стојат на располагање сите институции тоа да се поднесе и да биде процесуирано и санкционирано согласно законите на државата. Имаме правен систем со кој се санкционира секаква злоупотреба од кој било вид без притоа некој да е привилегиран по кој било основ. Јас тоа го потврдив преку одреден број разрешувања и именувања на функционери токму од причини на сомнежи на несоодветно извршување на работите, рече Ковачевски.
Додаде дека сѐ што доаѓа како информација за одредени сомнежи до Владата за несоодветно постапување, преку Канцеларијата на вицепремиерот за добро владеење се процесира до соодветните институции и за тоа досега немало ниту еден исклучок.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство