Ковачевски: Нема да имам средба со Мицкоски ако се разговара само за предвремени избори

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека нема да се сретне со лидерот на опозицијата доколку единственото прашање за кое би се разговарало се предвремените избори.
Тој порача дека избори ќе има, но во 2024 година. Во моментот, според Ковачевски, на земјава не и се потребни избори, туку лидерство за надминување на последиците од кризата.
– Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година. Во овој момент на Република Северна Македонија и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по обиколката на градежните активности на делницата Крупиште – Кочани.
Сите треба да бидеме единствени во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
