Ковачевски негира дека не се реагира на бугарските провокации: Секогаш реагираме кога се нарушува углед
Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање дека властите не реагираат кога се работи за бугарски провокации, а од друга страна МНР експресно излезе со реакција за говорот на омраза за синоќешниот натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели дека секогаш се реагира кога има дејствија кога се нарушува углед по било која основа.
– Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по било кој основ. МНР реагираше, но реагиравме и на друг натпревар во којшто играа репрезентациите, но сепак сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас секако, но важи секако и за нашите противници, рече Ковачевски по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта.
МНР денеска го осуди, како што наведе, „вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија“.
– Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се наведува во соопштението на МНР.
Министерството додава дека Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
