-->
-->
Ковачевски: Не сум разговарал со Бранко Црвенковски, сите разговори со новото раководство ги водев сам
-->
Новиот мандатар на Владата и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во гостувањето во Темата на денот во Дневникот на Сител кажа дека не разговарал со поранешниот претседател Бранко Црвенковски во последниот период.
Сите разговори со новото раководство ги водев сам. Во партијата сум 30 години и со сите сум имал одлична соработка и искуство, вели Ковачевски.
Мандатарот Ковачевски информира дека ги видел обвинувањата на опозицијата, споредувајќи го него „како пиун на Заев“.
-Бев мета на напади уште од првиот ден. Сепак сакам да нагласам дека тимот што го одбравме вчера е целосно создаден од моја страна. Јас сум човек со свој интегритет и визија. Што се однесува до владиниот кабинет, се уште не сум го составил. Од утре ќе имам разговори, по што ќе го направам изборот, кажа Ковачевски.
Во однос на неговите први средби со лидерите на други земји, Ковачевски изјави дека со задоволство го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во посета на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
