Ковачевски: Македонската дијаспора е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство
Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на работниот дел од посетата на Лондон за учество на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, оствари средба со македонски граѓани и професионалци кои живеат и работат во Обединетото Кралство.
Од Владата вечерва информираа дека премиерот Ковачевски и амбасадорката Александра Миовска им се заблагодариле на претставниците на македонската дијаспора за поддршката што и ја даваат на нашата амбасада во Лондон, за промоцијата на Северна Македонија во Обединетото Кралство и за промоцијата на македонскиот јазик и останатите културни белези на нашата земја.
– Премиерот Ковачевски ги запозна нашите државјани со очекувањата од самитот на ЕБОР, како една од најзначајните европски финансиски институции која ги поддржува реформските процеси во земјата за постигнување на стандардите на Брисел во нашата европска интеграција. На средбата во Амбасадата на Северна Македонија во Лондон, премиерот Ковачевски го истакна традиционалното пријателство на Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и силната британска поддршка која како држава ја добиваме во сферата на демократизацијата, доброто владеење, отворената Влада, транспарентноста и отчетноста, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени