Ковачевски – Која: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се изразени честитки до премиерот Ковачевски за мандатот. Притоа е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, предизвиците од војната во Украина, реформските процеси во државава, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР околу изборите, прашањето околу евроинтеграциите.

На средбата е посочено дека Република Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ, при што е посочено и на подготовките што се прават во таа насока.
Во однос на реализацијата на реформите, заеднички е оценето дека е важно да има посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава за сите важни прашања од полза на граѓаните и на државата.
Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно фокусирани кон надминувањето на предизвиците од војната во Украина, дека владината коалиција е стабилна, дека разговорите со премиерот Петков во Бугарија се поставени на ниво на конструктивност од двете страни, како и дека евроинтеграциите на земјава се важни за перспективите на граѓаните во земјава, како и за стабилноста на регионот и на ЕУ, информираат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
