Ковачевски: Кога сме единствени можеме да напредуваме и да оставиме подобро наследство на идните генерации
Низ вековите ние, православните Македонци и сите други кои живееме на овие простори сме покажале дека кога сме единствени, можеме да напредуваме, да се развиваме и да оставиме секогаш подобро наследство за идните генерации, порача премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиуми по велигденската литургија во Соборниот храм во Скопје.
-Се наоѓаме во Соборниот храм на Македонската православна црква, наследници сме и на делото на Кирил и Методиј, и на Свети Климент и на Свети Наум и на сите наши просветители и светци, и би порачал на сите наши граѓани дека треба да бидеме единствени да ги надминеме разликите коишто ги имаме меѓу нас оние кои во минатото имале помеѓу себе недоразбирања треба да ги надминат сите заедно, да направиме нови чекори за просперитетна, успешна и за среќна за сите граѓани Република Северна Македонија, рече Ковачевски.
Тој во лично име, во името на Владата на сите православни верници им посака среќен Велигден.
Ново на Сител
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден