Ковачевски: Имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот
-Заради одлуките кои што ги донесовме во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, во регионот ние имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати. Било каде да отидете нема да најдете поефтина цена, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој одговарајќи на новинарско прашање по увидот во активностите за чистење на линданот од малата депонија во кругот на фабриката „ОХИС“, истакна дека тоа се должи на брзата и навремена одлука, односно на мерките и препораките од страна на Владата и ефикасноста на Парламентот во донесувањето на законските решенија кои што веднаш беа објавени и Регулаторна комисија можеше да ја донесе одлуката.
Ковачевски прашан за цената на нафтата и нафтените деривати, нагласи дека се определува од страна на Регулаторната комисија за енергетика која е независна комисија и врз основа на пропишана методологија согласно препорака на Владата за да може да се менува на дневно, а не на неделно ниво.
-Колку што беше порасната цената на берзата имаше одреден број денови кога таа не беше веднаш корегирана заради седумдневното усогласување. Дел од компаниите кои работат на пазарот со нафта и нафтени деривати покажаа шпекулативно однесување. Тоа веднаш беше санкционирано од страна на соодветните инспекциски служби, а дел поднесоа и загуба, кои што до крај во тој ден кога беше очекувано покачување на нафтата испорачуваа гориво цело време. Методологијата е таква да не може да се манипулира и сите цени кои се определуваат се определуваат согласно таа методологија, вели Ковачевски.
Посочи дека и вчера имаше намалување на цената на дизелот и наведе дека доколу дојде до стабилизирање на цената на нафтата и нафтените деривати нормално дека тоа соодветно ќе влијае и на малопродажната цена.
-Колку што гледам, утрово берзите пак пораснаа, ќе видиме како ќе се движат во текот на денот, бидејќи дневно се менуваат цените на берзите. Ние мора да бидеме свесни дека Европа се наоѓа во војна, во Украина се води војна, каде што Русија изврши воена агресија врз Украина, и сето тоа влијаеше исклучително негативно и со далекусежни последици на цените на храната, на вештачките ѓубрива, на цените на суровините, особено на железото, на јагленот и на другите основни суровини. Сите 26 мерки што Владата ги донесе во изминатата недела се токму за справување со овие предизвици пред кои се соочуваме ние, но и целата светска економија, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
Ново на Сител
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
-

Тема на денот со Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ
-

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат
-

Два последователни земјотреси во Венецуела – голем број загинати и повредени, бројките растат секоја минута
-

Дуел со квалификации меѓу Филипче и Мицкоски на пратенички прашања
-

Пет дена до рокот: Собранието во трка да ги изгласа законите од реформската агенда
-

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за промена на ресори, разговорите продолжуваат
