Ковачевски: Граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја да не се субвенциите

Шестотини илјади домаќинства и седумдесет илјади компании кои се на регулираниот пазар во државава се снабдуваат со субвенционирана струја. Ако Владата не субвенционира 80 проценти од цената на струјата, сметките на граѓаните би биле пет пати повисоки, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски.
Информираше дека дека Владата води интензивни преговори со земјите од соседството и други држави за да се обезбеди електрична енергија по поволна цена за стопанството, големите потрошувачи. Во државата пак со полн капацитет работат државните електрани.
-Направивме состаноци со сите соседни држави со цел да се овозможи непречен проток на енергенси. Со Република Грција за непречено снабдување со јаглен и со мазут, бидејќи мазутот доаѓа од Грција во Северна Македонија. Со Република Албанија за непречен проток на јаглен исто така, бидејќи и таму има наоѓалишта на квалитетен јаглен. Сега ќе отпочне со работа вадењето на руда од рудникот Живојно. Ги активиравме капацитетите коишто порано не беа користени за електрична енергија, Осломеј, ТЕЦ Неготино. На барање на Стопанската комора и други стопански комори веќе разговаравме со Република Бугарија да нема прекинување на меѓународните конекции за електрична енергија во текот на зимата. Во изминативе 10 години, на три пати се има случено тоа, при недостаток на електрична енергија да има прекин на меѓународниот транзит на електрична енергија. Исто така разговараме и со Република Србија, со Република Бугарија, со Република Турција за обезбедување на електрична енергија по цени кои ќе бидат соодветни на нашето стопанство, истакна премиерот Ковачевски во интервју за НРТВ.
Претседателот на Владата, додаде дека во моментов се одвиваат состаноци, во кои е вклучен и претседателот на Стопанската комора, за изнаоѓање решенија, за компаниите да се обезбеди електрична енергија по поевтина цена од онаа на светските берзи.
Ново на Сител
-

По осум месеци од пожарот започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви, 38 обвинети
-

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК
-

И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
-

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва
-

Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
-

Облачно со локални врнежи од дожд
