Ковачевски домаќин на Ифтарска вечер: Градиме заедничка иднина
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва е домаќин на Ифтарска вечер. Премиерот во својот дом ги пречека поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, министри и членови во Владата на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, пратеници, претседатели на политички партии, уредници и други гости.

„Во оваа Ифтарска вечер, еве седиме заедно на маса, го делиме лебот, споделуваме меѓусебна почит – и ова е најдобар одраз на вредностите кон коишто сме определени. Тоа е сплотеноста, во еднакво општество за сите, во кое што заедно ги надминуваме предизвиците и заедно ги отвораме перспективите, градиме иднина – за секој човек, за секое семејство, за нашата заедничка држава, којашто е наш заеднички дом“, порача Ковачевски.
Премиерот посочи дека годинава рамазанскиот пост се преклопува со велигденскиот пост и дека иако се пости различно пораките на двата верски празника – и на Рамазан и на Велигден, се исти.
Рамазан, како што кажа Ковачевски се смета за месец на обнова на душата и телото, затоа што е шанса да се согледа и прифати вредното.

„Ифтарската вечер, којашто ги спојува членовите на семејствата, роднините, пријателите, којашто го слави заедништвото - е само потврда дека обединетоста е меѓу врвните вредности. Затоа што, секој сам можеби може. Но, сите заедно, сигурно можат - и повеќе и подобро. Во пресрет на Рамазан Бајрам, ви пожелувам на сите добро здравје, спокој, радост во домовите. И да го чуваме и негуваме ова наше заедништво, во општеството по кое станавме пример и во регионот и во Европа, како се учи, работи, живее заедно, во мир. Ви посакувам пријатен Ифтар и благодарам што сте тука“, им порача премиерот Ковачевски на присутните на Ифтарската вечер.
Ново на Сител
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
-

Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
