Костовски: Георгиевски треба да е надвор од политичките случувања и нема да присуствува на илинденската церемонија
„Вистина е дека не контактираа од кабинетот на Претседстелот на Р. Македонија, добивме покана за Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат предводници на овогодинешната државна церемонија на големиот национален празник Илинден кој ќе се чествува на 2 Август по повод илинденското востание во Крушево. Исто така Илинден е и голем верски празник.
Чест е да се празнува Илинден на било каков начин, тој празник ја обликува македонската револуционерна борба.
Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија согласно оваа покана од страна на претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или било какви други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија.
Според тоа што ни е и најавено, очекуваме Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат повикани на прием во вилата на Претседателот на Македонија. Стево Пендаровски.
На приемот тој и неговиот тим да бидат соодветно одликувани за овој најголем спортски успех во независна Македонија.
Успехот на Дејан Георгиевски секако е надпартиски, над било какви верски или други разлики, овој историски успех безвременски ќе ги радува и ќе ги прави горди сите луѓе во државата, тој припаѓа исклучиво на Македонија и народот што живее во неа“ , стои во соопштението напишано на профилот на тренерот на Дејан Георгиевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
