Костиќ за Фокус: Сите верувавме дека Ицко ќе издржи, дека ќе се спаси
Македонската електронска сцена остана без Ристо Мелоски, познат како диџеј Ицко од Антена 5, кој синоќа почина на 48-годишна возраст од Ковид-19, на Инфективната клиника во Скопје, дознава ,,Фокус”.
Тој првите симптоми на вирусот ги добил на 3-ти јуни и од тогаш започнала битката за живот, вели Александар Костиќ, претседател на меснатата заедница Галичник, инаку местото од каде потекнува Мелоски.
-Скршени сме од веста. Ицко почина синоќа, на Инфективната клиника во Скопје. На трети јуни се појавија првите симптоми, па беше подобар потоа, дома. На седми беше хоспитализиран. Информациите кои доаѓаа беа лоши, но сите верувавме дека ќе издржи, дека ќе се спаси. Зад себе остави сопруга, две деца, Матеј и Јована. Пред 11 дена Матеј славеше полнолетство. Ицко беше млад човек, полн со живот. Ова е шокантен потсетник дека болеста не бира по никој основ, изјави Костиќ.
И сопругата на Ицко,Наташа ја потврди веста за неговата смрт и се прости со него на социјалните мрежи.
-Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене – објави Мелоска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари