Костадиновски се сретна со Силвестри

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата, проф. д-р Ана Павловска-Данева денеска остварија работна средба со Н.Е. Амбасадорот на Република Италија, Адреа Силвестри.
Централна тема на разговор беше испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави.
Претседателот д-р Костадиновски го информираше амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат.
Амбадсадорот Силвестри пројави интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.
На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и д-р Костадиновски изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи.
Амбасадорот Силвестри изрази поддршка за најавените приоритети и најави дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Одлуката на САД ќе погоди многу мал дел македонски државјани
-

СДСМ: Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија
-

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба
-

Новоизбраните членови на Судскиот совет дадоа свечена заклетва
-

Министерството за економија ќе организира средба со угостителите за законот за заштита од пушење
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
