Костадиновски мегу оризопроизводителите од Чешиново Облешево

Заменимк министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски при денешната работна средба во општина Чешиново Облешево се сретна со оризопроизводителите од овој регион кои ги информираше за преземените мерки од страна на Владата за решавање на проблемот со откупот на оризот.
- Со одлука на Влада оризот како стратешка земјоделска култура ќе биде вратен на листата за откуп за потребите на Државните стокови резерви, со што во многу ќе им се помогне на земјоделците, истакна Костадиновски.
Тој информираше дека од 2004 година оризот е изземен од листата на стратешки култури, па токму затоа и нема откуп за стоковите резерви. - Средствата кои ќе бидат наменети за откупот на ориз наменет за стоковите резерви ќе легнат директно на сметките на оризопроизводителите, истакна Костадиновски.
Посочи дека досега од реколтата 2015 година се откупени 30 отсто од произведените количини на бел ориз. Во магацините на откупните претпријатија стојат 4.000 тони бел ориз кој не е пласиран.
Костадиновски информираше и за состојбата со пласманот на оризот кај нашите традиционални купувачи и додаде дека пласманот е отежнат заради севкупните состојби во аграрот.
На средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски остварена деновиве при неговата посета на Кочани земјоделците се пожалија за селективниот откуп на оризот од страна на одделни откупни компании. - Како Валада и ресорно Министерство никогаш не сме се воделе од политички побуди и селективност кај земјоделците, истакна Костадиновски.

За Венцо Гаврилов, оризопроизводител од Чешиново ваквата одлука на Валадата е добредојдена и поздравена од сите оризопроизводители.Тој нагласи дека досега само 20 отсто од сопственото производство го има продадено доедека останатите количини стојат во неговиот магацин.
На средбата со оризопроизводителите во Чешиново Облешево присуствуваше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трифуновски, кој информираше за направениот увид на терен и состојбата со откупените количини на арпа и бел ориз од минатогодишната реколта. - Откупот оди забавено но ние како Државен иснпекторат доследно ќе ги применуваме законските мерки и ќе делуваме во секој пријавен случај, рече Трифуновски.
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
